Додека ги правев овие обетки, со нетрпение го очекував крајниот исход. Замислете една обетка на почетокот ми одзема цели 2:30ч. Напочетокот бев скептична дека навистина ке направам пеперутка, но со самото завршување на едната од нив, јас бев воодушевена од она што го направив и што го гледав пред мене.
На оваа идеја дојдов благодарение на природата и нејзините убавини, на пролетниот мирис кој се ширеше низ моите улици и на веселиот дух кој го поседувам.
Обетки кои се лесни за носење и убаво прилегаат на вашиот изглед.
Практични и модерни.
Чекаат на вас заедно да полетате.